Samsung WF60F4E0Z Washer User Manual


 
41
Додаток
1. Годишната потрошувачка на енергија се пресметува според 220 стандардни циклуси на перење со
програмите Cotton (памук) на 60 °C и 40 °C со целосно и делумно полнење, како и потрошувачката кога
уредот е исклучен и кога е во режим на подготвеност. Точната потрошувачка на енергија ќе зависи од начинот
на користење на уредот.
2. Годишната потрошувачка на вода се пресметува според 220 стандардни циклуси на перење со програмите за
Cotton (памук) на 60 °C и 40 °C со целосно и делумно полнење. Точната потрошувачка на вода ќе зависи од
начинот на користење на уредот.
3. Всисувањето на центрифугата е многу важно кога за сушење на алиштата користите машина за сушење на
алишта.
Енергијата за сушење чини многу повеќе отколку енергијата за перење.
Перењето со силна центрифуга заштедува повеќе енергија при сушење на алиштата отколку со машина за
сушење на алишта.
4. 'Стандардната програма за Cotton (памук) 60 °C’ и 'стандардната програма за Cotton (памук) 40 °C’, кои
можат да се изберат со додавање на функцијата интензивно на програмите за Cotton (памук) 60 °C и
Cotton (памук) 40 °C, се соодветни за чистење на нормално валкани памучни алишта и најефикасни (во
поглед на потрошувачката на вода и енергија) за овој тип на алишта.
По инсталацијата активирајте го режим за калибрирање (погледнете во делот "ЧЕКОР 6 - Активирање на
режимот за калибрирање" на страница 20).
Кај овие програми, вистинската температура на водата може да биде различна од објавената температура.
5. Во димензиите за длабочина не е вклучено растојанието од уредот до ѕидот.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 41 2013-01-18 �� 2:01:58