Samsung WF60F4E0Z Washer User Manual


 
32
Чистење на вашата машина за перење
Со одржување на чистотата на машината за перење се подобрува нејзиното функционирање, се избегнуваат
непотребните поправки и се продолжува работниот век.
Испуштање на водата од машината при вонредни ситуации
1. Исклучете ја машината за перење од електричниот приклучок.
2. Отворете го капакот на филтерот (A) со паричка или клуч.
A
3. Подгответе некој сад.
Можно е да има повеќе преостаната вода одколку што
очекувате. Подгответе некој поголем сад.
4. Извадете ја цевката за одвод при вонредни ситуации (C) и
отворете го капачето за одвод при вонредни ситуации (B) со
влечење.
B
5. Дофатете го капачето на крајот од цевката за одвод при вонредни
ситуации (C) и полека извлечете го.
6. Целата вода испуштете ја во сад.
7. Вметнете го назад капакот за испуштање на водата при вонредни
ситуации и цевката за одвод.
8. Затворете го капакот на филтерот.
C
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 32 2013-01-18 �� 2:01:53