Samsung WF60F4E0Z Washer User Manual


 
3
Карактеристики на вашата нова машина за перење од Samsung
Одложено завршување
Одложете го циклусот до 19 часа со чекор на зголемување од по еден час, зголемувајќи ја практичноста при
користењето на вашата машина за перење особено во ситуации кога треба да излезете.
Функција за заклучување за деца
Функцијата за заклучување за деца ги чува љубопитните детски раце подалеку од машината за перење. Оваа
безбедносна функција ги спречува децата да ракуваат со машината за перење и ве известува кога е активирана.
Дигитален графички екран
Дигиталниот графички екран на контролната плоча е јасен и едноставен за користење, така што потребен е само
минимален напор при ракувањето. Но освен што е едноставен за користење, дигиталниот графички екран ќе ви
овозможи брзо и прецизно прилагодување на перењето за добивање на одлични резултати.
Ова упатство содржи важни информации за инсталирањето, користењето и грижата за вашата нова Samsung
машина за перење. Користете го за добивање на преглед на контролната плоча, инструкции за користење на
машината за перење и совети за извлекување максимум од врвните функции и особини. Погледнете го делот
"Отстранување на проблеми и информативни кодови" на страница 36 за да видите што треба да направите
ако нешто не е во ред со вашата нова машина за перење.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 3 2013-01-18 �� 2:01:44