Samsung WF60F4E0Z Washer User Manual


 
20
Поврзување на цревото за одвод
Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини:
Преку работ на лавабото
Цревото за одвод мора да биде поставено на височина од 60 cm до 90 cm.
За да го свиткате цревото употребете го испорачаниот пластичен држач
за црево (A). Прицврстете го држачот за ѕид со кука или за славина со
жица за да спречите поместување на цревото.
(*): 60 - 90 cm
A
Во разгранување на одводната цевка од лавабото
Разгранувањето на цевката за одвод мора да биде над сифонот на лавабото така што крајот на цревото да е
најмалку 60 cm над земјата.
Во хидрант
Препорачуваме употреба на вертикална цевка од 65 cm како хидрант.
Цевката не смее да биде пократка од 60 cm и подолга од 90 cm.
За хидрантот за одвод е потребно:
Минимален дијаметар од 5 cm.
Минимален капацитет за исфрлање од 60 литри во минута.
(*): 60 - 90 cm
ЧЕКОР 5 - Приклучување на машината за перење на напојување
Приклучете го кабелот за напојување во ѕидниот штекер за AC 220 - 240 V / 50 Hz, кој е заштитен со осигурувач
или прекинувач на коло. (За повеќе информации околу електричните и потребите за заземјување, погледнете во
делот "Довод на електрична струја и заземјување" на страница 14.)
Пробно тестирање
Проверете дали правилно сте ја инсталирале вашата машина за перење со активирање на циклусот
Rinse+Spin(плакнење+центрифуга) откако ќе завршите со инсталацијата.
ЧЕКОР 6 - Активирање на режимот за калибрирање
Вашата машината за перење од Samsung автоматски ја одредува тежината на алиштата. За попрецизно
одредување на тежината, ви препорачуваме веднаш да го активирате режим за калибрирање откако ќе ја
инсталирате машината за перење. Следете ги чекорите подолу за активирање на режим за калибрирање.
Пред активирање на режим за калибрирање, проверете дали има нешто во барабанот или врз машината за
перење.
1. Исклучете ја машината за перење.
2. Притиснете го копчето напојување додека ги држите копчињата Temp. (температура) и
Delay End (одложено завршување) во исто време.
Машината за перење ќе се вклучи, а на екранот ќе се прикаже "CLB".
3. Притиснете го копчето активирање/пауза за започнување на режим за калибрирање.
4. Барабанот ќе ротира во насока и спротивно од насоката на часовникот околу 3 минути.
5. По завршување на режим за калибрирање, на екранот ќе се прикаже "End" и машината автоматски ќе се
исклучи.
6. Сега машината за перење алишта е подготвена за употреба.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 20 2013-01-18 �� 2:01:49