Samsung WF60F4E0Z Washer User Manual


 
35
Одржување на вашата машина за перење
Одржување на вашата машина за перење
Поправка на замрзната машина за перење
Ако температурата падне под нивото на замрзнување и вашата машина замрзне:
1. Исклучете ја машината за перење од електричниот приклучок.
2. Истурете топла вода врз славината за довод на вода за да се разлабави цревото.
3. Извадете го цревото и потопете го во топла вода.
4. Истурете топла вода во барабанот и оставете да постои 10 минути.
5. Повторно поврзете го цревото за довод на вода со славината и проверете дали доводот и одводот на вода се
нормални.
Складирање на машината за перење
Доколку треба да ја складирате машината за перење подолг период, подобро е да ја испуштите водата и да ги
извадите приклучоците. Машината за перење може да се оштети ако пред складирањето има вода во цревата и
внатрешните компоненти. Подгответе ја вашата машина за складирање на следниот начин:
1. Завртете го Избирачот на циклус за да го изберете циклусот 15’ Quick Wash (брзо перење 15’) и оставете ја
машината за перење да го помине циклусот без алишта.
2. Исклучете ја машината за перење од електричниот приклучок.
3. Затворете ги славините за вода и откачете ги цревата за довод на вода.
4. Оставете ја отворена вратата на вашата машина за перење, за да се овозможи циркулација на воздухот во
внатрешноста на барабанот.
Ако машината за перење била складирана на температури под нулата, пред користењето оставете доволно
време за одмрзнување на водата која можеби се задржала во машината.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 35 2013-01-18 �� 2:01:54