Samsung WF60F4E0Z Washer User Manual


 
29
Користење на вашата машина за перење
Перење алишта
Перење алишта со користење на избирачот на циклус
Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на системот за автоматска контрола на
Samsung "Fuzzy Control". Кога ќе изберете циклус за перење, машината ќе ја постави соодветната температура,
времето и брзината на перењето.
1. Отворете го доводот на вода.
2. Притиснете го копчето напојување за да го вклучите напојувањето.
3. Отворете ја вратата.
4. Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.
5. Затворете ја вратата.
6. Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во
фиоката за детергент.
Функцијата Предперење е достапна само при избирање на циклусите Cotton (памук),
Synthetics (синтетика), Daily Wash (вообичаено перење), Denim (тексас), Dark Garment (темна облека),
Baby Care (грижа за бебиња) и Sports Wear (спортска облека). Потребна е единствено доколку
ткаенините се многу валкани.
7. Користете го Избирачот за циклус за избор на соодветниот циклус во зависност од типот на материјалот:
Cotton (памук), Synthetics (синтетика), 15’ Quick Wash (брзо перење 15’), Daily Wash (вообичаено перење),
Denim (тексас), Dark Garment (темна облека), Baby Care (грижа за бебиња), Sports Wear (спортска облека), Wool (волна)
и Рачно перење. На контролната плоча ќе засветат соодветните индикатори.
8. Во овој момент, со притиснување на соодветните копчиња, ќе може да ги контролирате температурата на
перењето, бројот на циклусите за плакнење, брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.
9. Притиснете го копчето активирање/пауза за да започне перењето. Индикаторот за напредок ќе засвети и на
екранот ќе се прикаже преостанатото време на циклусот.
Вкупното време на циклусот и бројот на циклуси за плакнење во циклусот Cotton (памук) може да бидат
различни во зависност од количината на алишта.
10. Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи. Отворете ја вратата и извадете ги
алиштата.
Паузирање на перењето
Пред истекување на 5 минути по започнувањето на перењето, можно е да додадете/извадите облека.
1. Притиснете го копчето активирање/пауза за отклучување на вратата.
Ако нивото на водата или температурата на водата во барабанот е премногу ВИСОКА, вратата нема
да може да се отвори додека трепка индикаторот "Вратата е заклучена ". Во тој случај, почекајте
индикаторот да престане да трепка.
(Потребни се приближно 1 или 2 минути за индикаторот да престане да трепка.)
2. По затворањето на вратата, притиснете го копчето активирање/пауза за повторно започнување на перењето.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 29 2013-01-18 �� 2:01:53