Samsung WF60F4E0N Washer User Manual


 
28
Smart Check
Оваа функција ви овозможува да го проверите статусот на машината за перење преку smartphone уред.
Функцијата Smart Check е оптимизирана за:
Galaxy S и Galaxy S2
iPhone 4 и iPhone 4S
Преземање на апликацијата Samsung Smart Washer
Преземете ја апликацијата Samsung Smart Washer на вашиот мобилен телефон од Android market или Apple App store
и инсталирајте ја. Ќе можете лесно да ја пронајдете со пребарување на "Samsung Smart Washer".
Користење на функцијата Smart Check
1. Ако настане грешка, притиснете ги копчињата Option (опција) и
Delay End (одложено завршување) истовремено и задржете
3 секунди за да ја активирате функцијата Smart Check. Или, пак,
функцијата Smart Check може да се активира без да притиснете ниту
едно копче по вклучување на машината за перење.
2. Површините со LED диоди на плочата со екран ќе ротираат 2 или 3
секунди, а кодот од функцијата Smart Check ќе се прикаже на плочата
со екран на машината за шерење.
3. Активирајте ја апликацијата Samsung Smart Washer на вашиот smartphone уред и допрете го копчето
Smart Check.
'Smart Check' може да се промени во 'Smart Care' во зависност од избраниот јазик.
4. Насочете ја камерата на smartphone уредот кон кодот кој го прикажува функцијата Smart Check на плочата
со екран на машината за перење.
Ако од плочата со екран на машината за перење се рефлектира светлина од некоја светилка,
флуоросцентна светилка или лампа, smartphone уредот може да не го препознае кодот кој го
прикажува функцијата Smart Check.
Ако smartphone уредот го држите под премногу кос агол во однос на предниот дел на плочата со
екран, тој може да не го препознае кодот на грешка. За најдобри резултати, држете го smartphone
уредот така што предниот дел на плочата со екран и smartphone уредот да бидат паралелни или
приближно паралелни.
5. Ако извршите правилно фокусирање, кодот кој го прикажува Smart Check автоматски ќе биде препознаен,
а деталните информации за статусот на вашата машина за перење, грешката и мерките кои треба да ги
преземате ќе се прикажат на вашиот smartphone.
6. Ако smartphone уредот повеќе пати не успее да го препознае Smart Check кодот, ве молиме рачно внесете
го Smart Check кодот кој се прикажува на плочата со екран на вашата машина за перење во апликацијата
Samsung Smart Washer.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 28 2013-01-18 �� 2:01:52