Samsung WF60F4E0N Washer User Manual


 
22
3. Додадете ја препорачаната количина на омекнувач во преградата за
омекнувач
доколку е потребно.
Не надминувајте ја линијата MAX
.
Концентрираните или густите омекнувачи треба да се разредат
со малку вода пред да се додадат во преградата (на овој начин
се оневозможува блокирање на одводот).
ВНИМАНИЕ: Не додавајте течни детергенти или детергенти во
прав во преградата за омекнувач .
4. При користење на функцијата Предперење, додадете ја
препорачаната количина на детергент во преградата за детергент
за предперење .
5. Турнете ја фиоката за детергент за да ја затворите.
Внимавајте омекнувачот да не се прелие откако ќе ја затворите
фиоката за детергент и ќе додадете омекнувач во преградата
за омекнувач.
Користење на течен детергент (одредени модели)
За користење на течен детергент, ставете ја чашката за течен детергент во
преградата за детергент за главно перење на фиоката за детергент и
ставете течен детергент во преградата за главно перење. Не надминувајте
ја линијата MAX на чашката за течен детергент.
Ставете ја чашката за течен детергент само откога ќе ја
отстраните фиоката за детергент од машината за перење со
притиснување на лостот за ослободување(A).
По перењето, во фиоката за детергент може да остане малку
течен детергент.
ВНИМАНИЕ:
Не ја користете функцијата Предперење кога користите течен
детергент.
Извадете ја чашката за течен детергент кога користите
детергент во прав.
A
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 22 2013-01-18 �� 2:01:50