16
Инсталирање на машината за перење
ВНИМАНИЕ: Не приклучувајте го кабелот за напојување во ѕиден штекер пред да завршите со
инсталацијата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Амбалажата може да биде опасна за деца; чувајте ја амбалажата (пластични кеси,
стиропор и сл.) подалеку од дофат на децата.
ЧЕКОР 1 - Избор на локација
Пред да ја инсталирате машината за перење, проверете дали местото:
• Има тврда и рамна подлога без килими кои можат да ја попречат вентилацијата
• Не е изложено на директна сончева светлина
• Има соодветна вентилација
• Не е изложено на температури на мрзнење (под 0 °C)
• Не е изложено на извори на топлина како нафта или гас
• Има доволно простор за да не мора машината да се постави врз кабелот за напојување
ЧЕКОР 2 - Отстранување на транспортните чепови
Пред инсталирањето на машината за перење, морате да ги отстраните сите транспортни чепови од задната
страна на уредот.
1. Ослободете ги чеповите со помош на клучот.
(*): Изборно
2. Држете го транспортниот чеп со рака и извлечете го низ поширокиот
дел од отворот. Повторете за секој транспортен чеп.
3. Покријте ги отворите со испорачаните капачиња за отворите од
чеповите.
4. Чувајте ги сите транспортни чепови на безбедно место каде што лесно
ќе ги пронајдете во случај да треба да ја преместите машината за
перење.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 16 2013-01-18 �� 2:01:47