Samsung WF60F4E1N Washer User Manual


 
33
Чистење на вашата машина за перење
Чистење на филтерот за остатоци
Препорачуваме чистење на филтерот за остатоци 5 или 6 пати годишно, или кога на екранот ќе се прикаже
пораката за грешка "5E". Доколку во филтерот за остатоци се акумулираат надворешни супстанци, перформансите
за перење ќе се намалат.
ВНИМАНИЕ: Пред да го чистите филтерот за остатоци, проверете дали машината за перење е исклучена
од електричниот приклучок.
ВНИМАНИЕ: Не расклопувајте го филтерот за остатоци додека работи машината, бидејќи топлата вода
може да истече.
1. Отворете го капакот на филтерот со паричка или клуч.
2. Отстранете ја преостанатата вода (погледнете во делот "Испуштање
на водата од машината при вонредни ситуации" на страница 32).
Доколку го извадите филтерот без да ја отстраните
преостанатата вода, таа може да се исцеди.
3. Одвртете го капачето на филтерот за остатоци (A) со вртење
налево.
A
4. Измијте ги сите нечистотии од филтерот за остатоци. Внимавајте
перката на одводната пумпа зад филтерот за остатоци да не биде
блокирана.
5. Вратете го капакот на филтерот за остатоци.
6. Затворете го капакот на филтерот.
Не заборавајте да го вратите филтерот за остатоци откако ќе го исчистите. Ако филтерот за остатоци не е
вметнат во машината, вашата машина за перење може неправилно да работи или да истекува вода од неа.
Прицврстете го филтерот за остатоци откако ќе го исчистите. Доколку не се придржувате кон ова може да
дојде до дефект или истекување на вода.
Чистење на надворешноста
1. Избришете ја површината на машината, вклучувајќи ја и контролната плоча, со мека крпа користејќи средство
за чистење во домаќинствата кое не е абразивно.
2. Со мека крпа исушете ја површината.
ВНИМАНИЕ: Не истурајте вода врз машината.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 33 2013-01-18 �� 2:01:54