Samsung WF60F4E1N Washer User Manual


 
26
Користење на избирачот на циклус
Циклус Употреба
Cotton (памук)
За средно или малку валкан памук, постелнина, чаршафи, долна облека, крпи,
кошули и сл.
Synthetics (синтетика)
За средно или малку валкани блузи, кошули и сл. изработени од полиестер
(диолен, тревира), полиамид (перлон, најлон) или слични материјали.
15’ Quick Wash
(брзо перење 15’)
За малку извалкани алишта и алишта кои тежат помалку од 2 kg и ви се потребни
за кратко време. Потребни се најмалку 15 минути, но тоа се менува поради
посочените вредности кои зависат од притисокот на водата, тврдостта на водата,
температурата на доводот на водата, собната температура, типот и количеството
на перење и степенот на нечистотија, употребениот детергент, небалансираното
полнење, промените во снабдувањето со електрична енергија и сите други
дополнителни опции кои се избрани.
ВНИМАНИЕ: Треба да користите помалку од 20 g детергент (за полнење од
2 kg), бидејќи детергентот може да се задржи на облеката.
Daily Wash
(вообичаено перење)
За секојдневни алишта како долна облека и кошули.
Denim (тексас)
Циклусите за перење со поголемо ниво на вода вршат дополнителен циклус за
центрифуга со цел да се отстрани заостанатиот детергент во прав кој може да
остави траги на вашата облека.
Dark Garment
(темна облека)
Дополнителните циклуси за плакнење и циклусот на центрифуга со намалена
брзина овозможуваат нежно перење и темелно плакнење на вашите омилени
темни алишта.
Baby Care
(грижа за бебиња)
Перењето на висока температура и дополнителните циклуси за плакнење
овозможуваат отстранување на заостанатиот детергент во прав кој може да
наштети на бебешката кожа.
Sports Wear
(спортска облека)
За водоотпорни алишта како облека за планинарење, скијање и друга спортска
облека. Алиштата содржат завршна обработка со функционална технологија и
влакна како што се спандекс, ластик и микро влакна.
Wool (волна)
Само за облека од волна која се пере во машина. Вкупната тежина треба да биде
помала од 2,0 kg. (модел за 6kg:1,5kg)
Циклусот Wool (волна) ги пере алиштата користејќи нежни движења. За време
на циклусите за перење, нежните и навлажнувачки движења континуирано
продолжуваат за да ги заштитат волнените влакна од собирање/изобличување и
нежно да ги исчистат. Оваа постапка со запирање/продолжување на движењето
која ја врши машината за перење при накиснувањето не претставува дефект.
За циклусот за волна се препорачува неутрален детергент, со кој се добиваат
подобри резултати при перењето и подобра грижа за волнените влакна.
Рачно перење Многу лесен програм, нежен како рачно перење.
Spin (центрифуга) Дополнителен циклус на центрифуга за отстранување на уште малку вода.
Rinse+Spin
(плакнење+центрифуга)
За алишта на кои им е потребно само плакнење или додавање на омекнувач при
плакнењето.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 26 2013-01-18 �� 2:01:51