Samsung WF60F4E1N Washer User Manual


 
14
Задоволување на барањата за инсталирање
Довод на електрична струја и заземјување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не користете продолжителен кабел.
Користете го единствено кабелот за напојување кој се испорачува со машината за перење.
При подготвување на инсталацијата, проверете дали вашата мрежа за напојување нуди:
AC 220 - 240 V / 50 Hz осигурувач или прекинувач на електрично коло
Одделна гранка од електрично коло наменета за вашата машина за перење
Вашата машина за перење мора да биде заземјена. Доколку машината за перење не работи исправно и има
дефект, заземјувањето ќе го намали ризикот од електричен удар обезбедувајќи патека со најмал отпор за
електричната струја.
Машината за перење се испорачува со кабел за напојување кој има заземјен приклучок со три елементи, за
вметнување во правилно инсталиран и заземјен штекер.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш не поврзувајте ги жиците за заземјување на пластични водоводни цевки,
цевки за гас или цевки за жешка вода.
Неправилното поврзување на проводникот за заземјување на уредот може да предизвика електричен удар.
Проверете со квалификуван електричар или сервисер доколку не сте сигурни дали машината за перење е
исправно заземјена.
ВНИМАНИЕ: Немојте да вршите модификации на кабелскиот приклучок кој се испорачува со машината за
перење. Доколку не може да се вметне во штекерот, повикајте квалификуван електричар за инсталирање на
потребниот штекер.
Довод на вода
Машината за перење ќе се полни исправно доколку притисокот на водата е помеѓу 50 kPa и 800 kPa. Притисокот
на вода кој е помал од 50 kPa може да предизвика дефект на вентилите за вода и да го спречи нивното
целосно затворање. Или, пак, можно е контролите на машината за перење да не се справат со притисокот и да
предизвикаат исклучување на машината за перење. (Контролните кола имаат вградено ограничување на времето
за полнење, кое е дизајнирано за спречување на преполнувањето или одлевањето доколку некое внатрешно
црево се олабави.)
Славините за вода не треба да бидат подалеку од 120 cm од задниот дел на машината за перење, за да можат
испорачаните црева за довод на вода да ја достигнат вашата машина за перење.
Повеќето продавници за водовод продаваат црева за довод на вода со различни должини до 305cm.
Можете да ја намалите опасноста од истекување на водата и штети доколку:
Славините за вода се лесно достапни.
Ги затворите славините за вода кога машината за перење не се користи.
Периодично проверувате дали протекува вода на спојните места на цревата за довод на вода.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ги проверете ги сите спојни места на вентилите за вода и славините пред првото
користење на машината за перење.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 14 2013-01-18 �� 2:01:46