Samsung WF60F4E1N Washer User Manual


 
25
Користење на вашата машина за перење
5. Option (опција) копче
Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избор помеѓу опциите:
накиснување > интензивно > предперење > плакнење+ > накиснување + плакнење+ > интензивно + плакнење+
> предперење + плакнење+ > исклучено
накиснување: Користете ја оваа функција за ефективно отстранување на дамките со накиснување
на вашите алиштата.
Функцијата Накиснување се извршува по 13 минути од почетокот на циклусот на перење.
Функцијата Накиснување трае 30 минути и содржи шест циклуси, при што еден циклус се состои
од центрифугирање од 1 минута и мирување од 4 минути.
Функцијата Накиснување е достапна само со: Cotton (памук), Synthetics (синтетика),
Daily Wash (вообичаено перење), Denim (тексас), Baby Care (грижа за бебиња) и
Sports Wear (спортска облека) циклуси.
интензивно: Користете ја оваа функција кога алиштата се многу валкани и потребно е интензивно
перење. Времето на циклусот е продолжено при секој циклус.
предперење: Користете ја оваа функција за предперење на вашите алишта пред
главниот циклус за перење. Функцијата Предперење е достапна само за циклусите
Cotton (памук), Synthetics (синтетика), Daily Wash (вообичаено перење), Denim (тексас),
Dark Garment (темна облека), Baby Care (грижа за бебиња) и Sports Wear (спортска облека).
плакнење+ : Притиснете го ова копче за да додадете дополнителни циклуси на плакнење.
6. Delay End (одложено завршување) копче
Притиснувајте го ова копче секвенцијално за избор помеѓу достапните опции за одложено завршување (од 3
часа до 19 часа, со чекор од еден час).
Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на перењето.
7. активирање/пауза копче
Притиснете го ова копче за пауза и рестартирање на циклус.
8. напојување копче
Притиснете го ова копче еднаш за да ја вклучите машината за перење. Потоа притиснете го ова копче уште
еднаш за да ја исклучите.
Ако машината се остави вклучена подолго од 10 минути без да се притисне ниту едно копче, таа автоматски
ќе се исклучи.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 25 2013-01-18 �� 2:01:51