Samsung WF60F4E2Z Washer User Manual


 
34
Чистење на фиоката и отворите за детергент
1. Притиснете ја рачката за ослободување (A) од внатрешната страна
на фиоката за детергент и извлечете ја фиоката за детергент.
2. Отстранете го лостот за ослободување (A) и чашката за течен
детергент (опција) од фиоката за детергент.
A
3. Измијте ги сите делови под млаз вода.
4. Исчистете ги отворите од фиоката за детергент со стара четкичка за
заби.
5. Вратете ги преградата за омекнувач и чашката за течен детергент
(опција), цврсто притискајќи ги во фиоката за детергент.
6. Вратете ја фиоката за детергент на место.
7. За отстранување на преостанатиот детергент, вклучете ја програмата
за плакнење без алишта во барабанот.
Чистење на мрежестиот филтер
Мрежестиот филтер треба да го чистите барем еднаш годишно, или кога ќе се прикаже пораката за грешка "4E".
1. Затворете го доводот на вода на машината за перење.
2. Извадете го додатокот за црево со L-облик за цревото за довод на
вода од приклучокот за довод на вода на задната страна од машината
со вртење на делот (A). За спречување на избивањето на водата
заради воздушниот притисок во цревото за довод на вода, покријте го
спојот на цревото со крпа.
3. Со помош на клешти внимателно извлечете ги мрежестите филтри од
приклучокот за довод на вода и плакнете ги под вода сè додека не се
исчистат.
4. Вратете ги назад мрежестите филтри.
5. Одново поставете го додатокот на црево во форма на L на машината
за перење.
6. Проверете дали спојните места пропуштаат вода и отворете ја
славината.
A
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 34 2013-01-18 �� 2:01:54