5
Безбедносни информации
Важни симболи за мерки на претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: За да го намалите ризикот од пожар, електричен удар или други повреди при
користење на вашиот уред, следете ги основните мерки на претпазливост, меѓу кои и:
Не дозволувајте деца (или куќни миленичиња) да си играат во / на
машината. Машината за перење не може да се отвори лесно одвнатре
и децата можат сериозно да се повредат доколку се заглават во
внатрешноста.
Овој уред може да го користат деца на возраст од 8 и повеќе години
и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности,
недоволно искусни или обучени лица, доколку истите се надгледуваат
или им се дадат инструкции за користење на уредот на безбеден
начин и им се објаснат можните опасности. Децата не треба да си
играат со уредот. Чистењето и одржувањето од страна на корисникот
не треба да го вршат деца без соодветен надзор.
Децата треба да се надгледуваат за да не си играат со уредот.
Ако кабелот или приклучокот за напојување се оштетени, тие мора
да се заменат од страна на производителот, сервисерот или друго
квалификувано лице.
Овој уред треба да се позиционира така што приклучокот за
напојување, славините за довод на вода и цевките за одвод да бидат
достапни.
Кај машините со отвори за вентилација во долниот дел, погрижете се
отворите да не бидат блокирани со килим или други предмети.
Ве молиме употребувајте нови црева. Немојте да ги користите старите
црева.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 5 2013-01-18 �� 2:01:44