15
Поставување на машината за перење
Одвод
Samsung препорачува височина на хидрантот од 65 cm. Цревото за одвод мора да минува низ спојка за цревото
за одвод кон хидрантот. Хидрантот мора да биде доволно голем за да го прифати надворешниот дијаметар на
цревото за одвод. Цревото за одвод е фабрички прицврстено.
Поставување на под
За најдобро функционирање, машината за перење мора да се инсталира на цврст под. Кај дрвените подови може
да биде потребно зајакнување за да се минимизираат вибрациите и/или небалансираното работење. Килимите
и меките површини се фактори кои придонесуваат за вибрациите и за тенденцијата на мало придвижување на
машината за време на циклусот на центрифуга.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Никогаш немојте да ја инсталирате машината за перење на платформа или структура
со слаба потпора.
Температура на околина
Немојте да ја инсталирате машината за перење во области во кои е можно замрзнување на вода, бидејќи во
машината за перење секогаш се задржува мало количество на вода во вентилите, пумпата и цревата. Замрзнатата
вода може да предизвика оштетување на ремените, пумпата и другите компоненти.
Инсталирање во плакар или отвор
За да може правилно и безбедно да функционира, на вашата нова машина за перење ѝ е потребен следниот
минимален слободен простор:
Странично 25 mm
Горна страна 25 mm
Задна страна* 50 mm
Предна страна 500 mm
Доколку машината за перење и машината за сушење се инсталираат заедно, предниот дел од плакарот или
отворот мора да имаат непречен отвор за воздух од најмалку 500 mm. На вашата машина како целина не ѝ е
потребен посебен отвор за воздух.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 15 2013-01-18 �� 2:01:46