Samsung WF60F4E2Z Washer User Manual


 
23
Користење на вашата машина за перење
Перење на алиштата за првпат
Пред перењето на алишта за првпат, мора да направите комплетен празен циклус (т.е. без алишта).
1. Притиснете го копчето напојување.
2. Ставете малку детергент во преградата за главно перење
во фиоката за детергент.
3. Отворете го доводот на вода во машината за перење.
4. Завртете го Избирачот на циклус за да го изберете циклусот Rinse+Spin(плакнење+центрифуга).
5. Притиснете го копчето активирање/пауза.
Ова ќе ја отстрани можната заостаната вода во барабанот од завршното тестирање на производителот.
Основни инструкции
1. Внимателно ставете ја облеката во барабанот без да го преполнувате.
ВНИМАНИЕ: Немојте да ја преполнувате машината за перење. За да го одредите количеството на
облека за перење во зависност од нејзиниот вид, погледнете во делот "Одредување на капацитетот
на полнење" на страница 31.
2. Затворете ја вратата до крај.
ВНИМАНИЕ: По циклусот на перење, детергентот може да се задржи во предната гумена изолација
на машината за перење или на гумата на вратата. Отстранете го задржаниот детергент пред да ја
затворите вратата, бидејќи тоа може да предизвика истекување на вода.
ВНИМАНИЕ: Внимавајте алиштата да не се заглават на вратата, бидејќи може да дојде до истекување
на вода.
3. Вклучете го напојувањето.
Функција за меморија на последен циклус
Кога ќе ја вклучите машината за перење, на контролната плоча ќе се појават последните
користени поставувања. Меѓутоа, ако меѓу последните користени поставувања бил и циклусот
Rinse+Spin(плакнење+центрифуга) или Spin (центрифуга), оваа функција нема да работи.
4. Додадете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во соодветните прегради во
фиоката за детергент.
5. Изберете го соодветниот циклус и опциите за алиштата. Соодветните индикатори ќе засветат, а на екранот ќе
се прикаже преостанатото време за циклусот.
6. Притиснете го копчето активирање/пауза.
ВНИМАНИЕ: Не допирајте го стаклото на вратата додека машината за перење работи бидејќи може да
биде топло.
ВНИМАНИЕ: Не отворајте ја фиоката за детергент или филтерот за остатоци додека машината за перење
работи, бидејќи може да се изложите на топла вода или пареа.
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 23 2013-01-18 �� 2:01:50