Samsung B1445A Washer User Manual


 
12 SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта
Одржување на машината за перење алишта
Испуштање вода од машината за перење алишта во случај на
потреба
B1445A(V/S)/B1245A(V/S)/B1045A(V/S)
1. Исклучете ја машината за перење алишта од
изворот на електрично напојување.
2. Отворете ја поклопката на филтерот со помош на
паричка или клуч.
3. Одвртете ја поклопката на сигурносната
одводна цевка со завртување налево. Извадете ја
поклопката што се наоѓа на крајот на одводната
цевка и внимателно извлечете ја (околу 15 cm).
4. Пуштете водата да истече во некој сад.
5. Вратете ја назад одводната цевка и затегнете ја поклопката.
6. Затворете ја поклопката на филтерот.
Поправка на машината која била изложена на ниска температура
Доколку температурата падне под нулата и машината за перење алишта замрзне, направете го следното:
1. Исклучете ја машината за перење алишта од изворот на електрично напојување.
2. Налејте топла вода врз славината за да го одмрзнете цревото за довод на вода.
3. Извадете го цревото за довод на вода и потопете го во топла вода.
4. Ставете топла вода во барабанот на машината и оставете ја да стои 10 минути.
5. Повторно на славината поставете го цревото за довод на вода и проверете дали водата правилно
дотекува и истекува.
Чистење на надворешните површини на машината
1. Избришете ги надворешните површини на машината за перење алишта, вклучувајќи ја и
командната табла, со мека крпа и неабразивен детергент за домаќинствата.
2. Со мека крпа исушете ја измиената површина.
3. Не ја полевајте машината со вода.
B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:12B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:12 2005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:122005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:12