Samsung B1445A Washer User Manual


 
4 SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта
Поставување на машината за перење алишта
Приклучување на цревото за довод на вода
Цревото за довод на вода мора од едната страна да биде приклучено кон машината за перење алишта, а од
другата страна кон славината. Не го истегнувајте цревото за довод на вода. Доколку цревото е прекратко,
а не сакате да ја преместувате славината, заменете го со подолго црево за висок притисок на вода.
За приклучување на цревото за довод на вода направете го следното:
1. Приклучокот во форма на буквата L на цревото за довод на ладна вода затегнете го на доводната
цевка за ладна вода што се наоѓа на задната
страна на машината за перење алишта.
Прицврстете го со рака.
2. Другиот крај на цревото за довод на ладна
вода затегнете го на славината за ладна вода и
прицврстете го со рака. Доколку е потребно,
оној крај на цревото за довод на вода што се
приклучува кон машината за перење алишта
можете повторно да го поставите со одвртување
на приклучокот, свртување на цревото и
повторно прицврстување на приклучокот.
Опција: 1. Црвениот приклучок во форма на буквата L на цревото за довод на топла вода
затегнете го на црвената доводна цевка за топла вода што се наоѓа на задната
страна на машината. Прицврстете со рака.
2. Другиот крај на цревото за довод на топла вода затегнете го на славината за топла
вода и прицврстете го со рака.
3. Доколку сакате да користите само ладна вода, користите приклучок во форма на
буквата Y.
Забелешка: За приклучување на машината кон доводот на вода треба да се користат нови
црева. Не користите стари црева.
Поставување на одводното црево
Слободниот крај на одводното црево може да се постави на три начини:
Преку работ на лавабото
Одводното црево мора да биде поставено на висина
помеѓу 60 и 90 cm. За крајот на одводното црево да
остане свиткан, користете го приложениот пластичен
држач за црево. Држачот прицврстете го на ѕид или
заврзете го за славината со парче жица за да не се
поместува.
Во одводната цевка на лавабото
Оваа одводна цевка мора да биде над сифонот на
лавабото така што крајот на одводната цевка да биде
поставен најмалку 60 cm од подот.
Директно во одводната цевка
Самсунг препорачува да користите вертикална цевка со висина 65 cm; таа не смее да биде пократка од 60
cm ниту подолга од 90 cm.
B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:4B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:4 2005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:092005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:09