Samsung B1445A Washer User Manual


 
SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта 5
Поставување на машината за перење алишта
Приклучување кон електричната мрежа
За корисниците во Европа. Приклучниот кабел на машината за перење алишта НЕ морате да го заземјите.
За корисниците во САД. Приклучниот кабел на машината за перење алишта МОРАТЕ да го заземјите.
Пред употребата на машината, замолете го електричарот да провери дали има правилно заземјување.
За корисниците во Велика Британија.
Упатства во врска со електричната инсталација
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: МАШИНАТА МОРА ДА БИДЕ ЗАЗЕМЈЕНА.
Оваа машина за перење алишта мора да биде зазем¬јена. Во случај на краток спој заземјувањето
го намалува ризикот од струен удар така што ја одведува
електричната струја. Машината има приклучен кабел во кого
се наоѓа жица за заземјување што се поврзува со жицата за
заземјување во штекерот.
Приклучниот кабел се вклучува во штекер што треба да биде
правилно поставен и заземјен.
* Жиците во приклучниот кабел се обоени на следниот начин:
Зелена и жолта : Заземјување
• Плава : 0
• Кафеава : Фаза
Со оглед на тоа што жиците во приклучниот кабел на машината
можат да бидат со поинаква боја од оние во штекерот, направете
го следното:
Поврзете ја зелено-жолтата жица со полот во штекерот
означен со буквата Е или со симболот за заземјување (
)
или обоен со зелена или зелено-жолта боја.
Поврзете ја плавата жица со полот означен со буквата N или
обоен со црна боја.
Поврзете ја кафеавата жица со полот означен со буквата L
или обоен со црвена боја.
* Консултирајте се со електричарот или стручниот сервисер
доколку овие упатства не Ви се во потполност јасни.
Производителот на машината за перење алишта не сноси
одговорност за повреди на лица или оштетувања на апарати
што настанале поради непочитување на овие барања. Не е
предвидено корисникот самиот да поправа ниту еден дел од
машината за перење алишта и доколку нејзиниот приклучен
кабел е оштетен, може да го замени само сервисер овластен
од страна на производителот, зашто за сервисирање е
потребен специјален алат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред употреба проверете дали се
оштетени приклучниот кабел и штекерот.
Доколку поради некоја причина сакате
од апаратот да го извадите фабрички
вградениот приклучен кабел, веднаш
извадете го осигурувачот и ставете го
кабелот на безбедно место. Во никој
случај не го приклучувајте приклучниот
кабел во штекерот зашто постои
опасност од електричен удар.
СТРУЈНО КОЛО
Машината за перење алишта треба
да биде приклучена кон посебно
струјно коло, одвоено од останатите
електрични апарати. Во спротивно
може да дојде до прекин на струјното
коло или осигурувачот може да
прегори.
ЗЕЛЕНОЖОЛТА
ОСИГУРУВАЧ ОД
13 АМПЕРИ
ПЛАВА КАФЕАВА
B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:5B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:5 2005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:092005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:09