Samsung B1445A Washer User Manual


 
10 SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта
Перење алишта
Перење алишта со рачно нагодување
Алиштата можете да ги исперете и без употреба на системот „Fuzzy Logic“. Направете го следното:
1. Отворете го доводот на вода.
2. Притиснете го копчето
(Вклучено/Исклучено) на машината.
3. Отворете ја вратата.
4. Ставајте едно по едно парче од алиштата водејќи сметка да не го преполните барабанот.
5. Затворете ја вратата.
6. Во соодветните прегради ставете детергент и доколку е потребно омекнувач и средство за
претперење.
7. За да ја изберете температурата на водата, притискајте го копчето за избор на температура (ладна
вода, 30 °С, 40 °С, 60 °С, 95 °С).
8. За да ги изберете бројот на плакнења, притискајте го копчето за избор на плакнењето.
Максималниот број на плакнења е пет. Согласно со тоа, траењето на процесот ќе биде
продолжено.
9. За да ја изберете брзината на центрифугирање, притискајте го копчето за избор на центрифугата.
Забелешка: Програмата за задржано плакнење овозможува од машината да извадете
неисцедени алишта.
: без центрифугирање, : задржано плакнење.
10. Притискајте го копчето за избор на одложено перење додека не ја изберете саканата опција (од 3
часа до 24 часа со зголемување од по еден час). Прикажаните часови го означуваат времето кога
завршува програмата за перење.
11. Притиснете го копчето Старт/Пауза и машината почнува со перењето.
Користење на опцијата за одложено перење
Можете машината да ја нагодите така што автоматски да заврши со програмата за перење по 3 до 24
часа (времето се зголемува за по еден час). Прикажаните часови го означуваат времето кога завршува
програмата за перење.
Направете го следното:
1. Рачно или автоматски изберете ја соодветната програма за перење.
2. Притискајте го копчето за избор на одложено перење додека не го нагодите соодветното време.
3. Притиснете го копчето Старт/Пауза. Ќе засветли светлосниот индикатор што означува одложено
перење, а часовникот ќе почне да одбројува додека не дојде до поставеното време кога перењето
завршува.
4. За да го поништите изборот на одложено перење, притиснете го копчето (Вклучено/
Исклучено), а потоа повторно вклучете ја машината.
B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:10B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:10 2005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:112005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:11