Samsung B1445A Washer User Manual


 
SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта 7
Перење алишта
7. Копче за избор на опцијата „Silver Nano“
За време на перењето и последното плакнење се користи „Silver Nano“ вода, што ги стерилизира
алиштата и создава антибактериска заштита.
8. Копче за избор на перење со неполн барабан со алишта
Ово копче притиснете го доколку барабанот е полн со алишта само до половина (околу 1~4 kg). Со
оваа функција штедите време и електрична енергија.
9. Копче за заклучување на машината поради безбедност на децата
Со притиснување на ова копче, ги спречувате децата да управуваат со машината за перење алишта.
За да ја активирате програмата: Притиснете го копчето Старт/Пауза за да ја вклучите машината
за перење алишта. Притиснете го и држете го 2-3 секунди копчето [Rinse] + [Spin] (плакнење +
центрифуга). Оваа програма се активира само ако машината е вклучена. Кога еднаш во текот на
перењето ја вклучите оваа пограма за заклучување на машината, ни едно друго копче не може
да биде вклучено додека претходно не го исклучите копчето за заклучување на машината. Дури
ни копчето за вклучување / исклучување нема да работи. Светилката што ја означува бебешката
програма светли.
За да ја исклучите оваа програма: Повторно притиснете го и држете го 2-3 секунди копчето [Rinse]
+ [Spin], потоа ќе се изгасне светилката и ќе се исклучи програмата.
Забелешка: Доколку во текот на перењето алишта ниту едно копче на машината не работи, прво
проверете дали е вклучено ова копче.
10. Копче за избор на програми
Вртете го ова копче за да изберете еден од 14-те понудени програми за перење.
Cotton (памук), Coloureds (обоени ткаенини), Synthetics (синтетика), Delicates (осетливи
ткаенини), Wool (волна), Hand wash (рачно перење), Quick (брзо перење), Rinse+Spin (плакнење
+ центрифуга), Spin (центрифуга), Drain (цедење), Baby Program (бебешка програма) (Stains –
ткаенини со дамки, Delicates – осетливи ткаенини, Coloureds – обоени ткаенини, Cotton – памук)
11. Копче Старт/Пауза
Притиснете го ова копче за да ги застанете програмите и повторно да ги активирате.
12. Копче (Вклучено/Исклучено)
За да ја вклучите машината притиснете го еднаш ова копче и уште еднаш за да ја исклучите.
Доколку машината е вклучена подолго од 10 минути, а притоа не се вклучи ни едно друго копче на
машината, таа автоматски се исклучува.
Бебешка програма
Памук
Обоени ткаенини
Осетливи ткаенини
Ткаенини со дамки
Цедење
Центрифуга
Плакнење+
центрифуга
Памук
Обоени ткаенини
Синтетика
Осетливи ткаенини
Волна
Рачно перење
Брзо перење
Вклучување/Исклучување
B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:7B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:7 2005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:102005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:10