Samsung WF7604SU Washer User Manual


 
одржување на машината за перење _17
ЧИСТЕЊЕ НА ФИОКАТА И ОТВОРИТЕ ЗА ДЕТЕРГЕНТ
1. Притиснете ја рачката за ослободување од внатрешната страна на фиоката за
детергент и извлечете ја фиоката.
2. Отстранете го капакот од преградата .
3. Измијте ги сите делови под млаз вода.
4. Исчистете ги отворите од фиоката со стара четкичка за заби.
5. Вратете го назад капакот (со посилно притиснување) и поставете ја преградата за
течниот детергент во фиоката.
6. Вратете ја фиоката на место.
7. Вклучете ја програмата за плакнење без алишта во барабанот.
ЧИСТЕЊЕ НА ФИЛТЕРОТ ЗА ОСТАТОЦИ
Исчистете го филтерот за остатоци 5 или 6 пати годишно, или кога
ќе ја видите следната порака за грешка на екранот:
1. Отворете го капакот на филтерот, погледнете
“Испуштање на водата од машината при вонредни
ситуации” на страница 16.
2. Одвртете го капакот за испуштање на водата при
вонредни ситуации со вртење налево и испуштете ја
водата.
Погледнете “Испуштање на водата од машината при
вонредни ситуации” на страница 16.
3. Одвртете го капакот на филтерот и извадете го.
4. Измијте ги сите нечистотии од филтерот. Внимавајте
перката на одводната пумпа зад филтерот да не биде
блокирана. Вратете го капачето од филтерот.
5. Поставете го капакот на филтерот.
03
ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНАТА ЗА ПЕРЕЊЕ
WF7604SUV-02506G_MK.indd 17 2007-10-10 ¿ÀÈÄ 6:30:16