Samsung WF7604SU Washer User Manual


 
14_ перење на алишта
РАЧНО ПЕРЕЊЕ ОБЛЕКА
Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на Fuzzy Logic функцијата.
За оваа цел:
1. Отворете го доводот на вода.
2. Завртете го Fuzzy контролното копче на “Cotton” (памук)
3. Отворете ја вратата.
4. Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5. Затворете ја вратата.
6. Ставете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во
соодветните прегради.
7. Притиснете го копчето за температура за да изберете соодветна температура.
(ладна вода, 30 °C, 40 °C, 60 °C и 95 °C)
8. Притиснете го копчето Rinse (плакнење) за да го изберете потребниот број циклуси на
плакнење.
Можни се максимум пет циклуси на плакнење.
Времетраењето на перењето ќе се продолжи.
9. Притиснете го копчето Spin (центрифуга) за да изберете брзина на центрифуга.
Без центрифуга ( ) - Алиштата остануваат влажни без центрифугирање по
последното плакнење
10. Секвенцијално притиснувајте го копчето за избор на соодветната опција на одложено
завршување (од 3 часа до 19 часа, со чекор од 1 час). Прикажаните часови го
означуваат времето на завршување на циклусот на перење.
11. Притиснете го копчето за активирање/пауза и машината ќе го започне циклусот на
перење.
КОРИСТЕЊЕ НА ОДЛОЖЕНОТО ЗАВРШУВАЊЕ
Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор
на време на одложување од 3 до 19 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат
времето на завршување на циклусот на перење.
За да го направите ова:
1. Рачно или автоматски поставете ја машината според типот на алиштата кои треба да
се перат.
2. Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay End (одложено завршување) додека не
го поставите саканото време за одложено завршување.
3. Притиснете го копчето за активирање/пауза. Индикаторот за одложено завршување
ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè додека не го достигне
поставеното време.
4. За да ја исклучите функцијата за одложено завршување, секвенцијално притиснувајте
го копчето Delay End (за одложено завршување) додека индикаторот не се изгасне
или исклучете ја машината. (исто така можете да ја исклучите машината за да ја
исклучите функцијата за одложено завршување.)
перење на алишта
WF7604SUV-02506G_MK.indd 14 2007-10-10 ¿ÀÈÄ 6:30:11