Samsung WF-B1456 Washer/Dryer User Manual


 
перење на алишта _15
КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ПЕРЕЊЕ
Сортирање на облеката:Сортирајте ја облеката според следните карактеристики:
Тип според ознаката на етикетата на облеката: Сортирајте памук, мешана ткаенина,
синтетика, свила, волна и вештачка свила.
Боја: Одделете го белото од обоеното. Новите, обоени алишта перете ги одделно.
Големина:Перење на облека со различна големина ќе го подобри квалитетот на
перењето.
Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете
ги одделно, со употреба на Delicate програмот (за перење на деликатни работи).
Проверете ги ознаките на етикетите на алиштата или раководете се според табелата
во додатокот.
Испразнете ги џебовите:Метални парички, игли и слични предмети можат да ја оштетат
облеката, барабанот и резервоарот за вода.
Осигурајте ги патентите: Затворете ги патентите и нитните или другите видови на
закопчувања; ремените и лентите треба да се врзат.
Предперење на памук: Вашата нова машина, во комбинација со современите
детергенти, ќе постигне извонредни резултати при перењето, заштедувајќи енергија,
време, вода и детергент. Сепак, доколку вашите памучни алишта се многу валкани,
користете предперење со детергент на база на протеини.
Одредување на капацитетот на полнење:Не преполнувајте ја машината бидејќи вашите
алишта можеби нема да се исперат добро. Користете ја оваа табела за да ја одредите
количината на облеката за перење во зависност од нејзиниот вид.
Вид на ткаенина
Капацитет
WF-J1456/
J1256/
J1056/J856
WF-B1456/
B1256/
B1056/B856
WF-R1256/
R1056/R856
WF-F1256/
F1056/F856
WF-S1056/
S856
Coloured (обоено) /
cotton (памук)
- средно/малку
валкано
7.0 kg 6.2 kg 5.2 kg 4.5 kg 3.5 kg
- многу валкано 7.0 kg 6.2 kg 5.2 kg 4.5 kg 3.5 kg
Synthetic (синтетика) 3.0 kg 3.0 kg 2.5 kg 2.5 kg 2.0 kg
Delicate (деликатни
алишта)
2.5 kg 2.5 kg 2.0 kg 2.0 kg 1.5 kg
Wool (волна) 2.0 kg 2.0 kg 1.5 kg 1.5 kg 1.5 kg
Совети за детергентите: Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук,
синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење, степенот и
видот на валканоста.
Секогаш употребувајте сапун кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските
машини за перење.
Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата
за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не
знаете колку е тврда водата, информирајте се кај органите за водоснабдување.
Чувајте ги детергентите и адитивите на сигурно, суво место подалеку од дофат на
деца.
02 перење на алишта
WF-B1456GW-02176W_MK.indd 15 2007-10-15 ¿ÀÈÄ 3:03:50