Samsung WF-B1456 Washer/Dryer User Manual


 
14_ перење на алишта
РАЧНО ПЕРЕЊЕ ОБЛЕКА
Можете да ја изберете функцијата за рачно перење без употреба на Fuzzy Logic функцијата.
За оваа цел:
1. Отворете го доводот на вода.
2. Притиснете го копчето за вклучување на машината за перење.
3. Отворете ја вратата.
4. Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
5. Затворете ја вратата.
6. Ставете детергент и по потреба омекнувач или детергент за предперење во
соодветните прегради.
7. Притиснете го копчето Temp. (температура) за да изберете соодветна температура.
(ладна вода, 30°C, 40°C , 60°C и 95°C)
8. Притиснете го копчето Rinse (плакнење) за да го изберете потребниот број циклуси на
плакнење.
Можни се максимум пет циклуси на плакнење.
Времетраењето на перењето ќе се продолжи.
9. Притиснете го копчето Spin (центрифуга) за да изберете брзина на центрифуга.
Rinse Hold (запрено плакнење) програмата ви овозможува да ги извадите
накиснатите алишта од машината за перење
Без центрифуга ( ) - Алиштата остануваат влажни без центрифугирање по
последното плакнење
10. Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay Start (одложено активирање) за избор
на соодветната опција на одложено активирање (од 4 часа до 24 часа, со чекор од
еден час). Прикажаните часови го означуваат времето на завршување на циклусот на
перење.
11. Притиснете го копчето за активирање/пауза и машината ќе го започне циклусот на
перење.
КОРИСТЕЊЕ НА ОДЛОЖЕНОТО АКТИВИРАЊЕ
Можете да ја поставите машината за перење автоматски да го заврши перењето подоцна, со избор
на време на одложување од 4 до 24 часа (со чекор од 1 час). Прикажаните часови го означуваат
времето на завршување на циклусот на перење.
За да го направите ова:
1. Рачно или автоматски поставете ја машината според типот на алиштата кои треба да
се перат.
2. Секвенцијално притиснувајте го копчето Delay Start (одложено активирање) додека не
го поставите саканото време за одложено активирање.
3. Притиснете го копчето за активирање/пауза. Индикаторот ‘Delay Start‘ (одложено
активирање) ќе засвети и часовникот ќе започне со одбројување сè додека не го
достигне поставеното време.
4. За да ја исклучите функцијата ‘Delay Start’ (одложено активирање, притиснете го
копчето за вклучување, потоа повторно вклучете ја машината за перење.
перење на алишта
WF-B1456GW-02176W_MK.indd 14 2007-10-15 ¿ÀÈÄ 3:03:50