Samsung WF7520SU Washer User Manual


 
перење на алишта _15
КОРИСНИ СОВЕТИ ЗА ПЕРЕЊЕ
Сортирање на облеката: Сортирајте ја облеката според следните карактеристики:
Тип според ознаката на етикетата на облеката: Сортирајте памук, мешана ткаенина,
синтетика, свила, волна и вештачка свила.
Боја: Одделете го белото од обоеното. Новите, обоени алишта перете ги одделно.
Големина: Перење на облека со различна големина ќе го подобри квалитетот на
перењето.
Чувствителност: Деликатните работи како чиста волна, завеси и свила перете
ги одделно, со употреба на Delicate програмот (за перење на деликатни работи).
Проверете ги ознаките на етикетите на алиштата или раководете се според табелата
во додатокот.
Испразнете ги џебовите: Метални парички, игли и слични предмети можат да ја оштетат
облеката, барабанот и резервоарот за вода.
Осигурајте ги патентите: Затворете ги патентите и нитните или другите видови на
закопчувања; ремените и лентите треба да се врзат.
Предперење на памук: Вашата нова машина, во комбинација со современите
детергенти, ќе постигне извонредни резултати при перењето, заштедувајќи енергија,
време, вода и детергент. Сепак, доколку вашите памучни алишта се многу валкани,
користете предперење со детергент на база на протеини.
Одредување на капацитетот на полнење: Не преполнувајте ја машината бидејќи
вашите алишта можеби нема да се исперат добро. Користете ја оваа табела за да ја
одредите количината на облеката за перење во зависност од нејзиниот вид.
Вид на ткаенина
Капацитет
WF7604SU
WF7602SU
WF7600SU
WF7522SU
WF7520SU
WF7452SU
WF7450SU
Cotton (Памук) 6,2 kg 5,2 kg 4,5 kg
Baby cotton (Фин памук) 6,2 kg 5,2 kg 4,5 kg
Synthetics (Синтетика) 3,0 kg 2,5 kg 2,5 kg
Delicate (Деликатни алишта) 2,5 kg 2,0 kg 2,0 kg
Wool (Волна) 2,0 kg 1,5 kg 1,5 kg
Совети за детергентите: Видот на детергентот зависи од видот на ткаенината (памук,
синтетика, деликатни ткаенини, волна), бојата, температурата на перење, степенот и
видот на валканоста.
Секогаш употребувајте сапун кој “не пени” премногу и кој е наменет за автоматските
машини за перење.
Следете ги препораките на производителот на детергенти за тежината на алиштата
за перење, степенот на валканоста и тврдоста на водата во вашето место. Доколку не
знаете колку е тврда водата, информирајте се кај органите за водоснабдување.
Чувајте ги детергентите и адитивите на сигурно, суво место подалеку од дофат на
деца.
Ставете ги градниците (оние кои се перат) во мрежата за перење (се купува
дополнително).
Металните делови од градниците може да ја оштетет машината. Затоа
овој тип на облека ставете го во мрежата за перење.
Мали и лесни алишта како чорапи, ракавици, хулахопки и шамивчиња
може да се заглават околу отворот. Ставете ги во мала мрежа за
перење.
02 ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА
WF7604SUV-02506G_MK.indd 15 2007-10-10 ¿ÀÈÄ 6:30:12