Samsung WF7520SU Washer User Manual


 
перење на алишта _13
СТАВАЊЕ ДЕТЕРГЕНТ ВО МАШИНАТА
1. Извлечете ја фиоката за детергент.
2. Ставете детергент во преградата .
3. Ставете омекнувач во преградата (доколку сакате).
4. Ставете детергент за предперење во преградата
(доколку сакате).
Концентрираните или густите омекнувачи треба
да се разредат со малку вода пред да се стават
во преградата (на овој начин се оневозможува
блокирање на одводот).
ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА СО КОРИСТЕЊЕ НА FUZZY LOGIC
Перењето со вашата нова машина е многу едноставно со употребата на Samsung “Fuzzy Logic”
системот за автоматска контрола. Кога ќе изберете програма за перење, машината ќе ја постави
соодветната температура, времето и брзината на перењето.
За да ги употребувате Fuzzy Logic програмите при перењето алишта:
1. Отворете ја славината за вода на лавабото.
2. Отворете ја вратата.
3. Наполнете ја машината со алишта, без да ја преполните.
4. Затворете ја вратата.
5. Додадете детергент, омекнувач или детергент за предперење (по потреба) во
соодветната преграда.
За да употребите детергент за предперење, изберете ја опцијата ‘pre’ (пред) со
притиснување на копчето ‘Wash’ (перење).
6.
Завртете го Fuzzy контролното копче за да го
изберете соодветниот програм според видот на
облеката Cotton (памук), Synthetic (синтетика),
Shirts (кошули), Delicate (деликатни алишта),
Hand Wash For Wool (рачно перење за волан),
Silk (свила), Quick (брзо перење), Rinse+Spin
(плакнење+центрифуга), Spin (центрифуга), Drain
(цедење), Mixed Load (мешани алишта), Baby
Cotton (фин памук), Enzyme (ензими), Daily Wash
(вообичаено перење).
Индикаторот на контролната плоча ќе засвети.
7. Во овој момент, со притиснување на копчето за соодветната опција, ќе може да го
контролирате видот на перењето, температурата на перењето, бројот на плакнењата,
брзината на центрифугата и времето на одложено завршување.
8. Притиснете го копчето за активирање/пауза на Fuzzy контролното копче и циклусот на
перење ќе започне. Индикаторот за процесот ќе засвети и на екранот ќе се прикаже
преостанатото време на циклусот.
Кога циклусот е завршен:
Кога целиот циклус ќе заврши, машината автоматски ќе се исклучи.
1. Отворете ја вратата.
Вратата можете да ја отворите по 3 минути откако машината ќе престане со работа
или ќе се исклучи од напојување. Доколку сијаличката за заклучување на вратата
се вклучува и исклучува, ве молиме почекајте додека сијаличката не се исклучи.
2. Извадете ги алиштата.
02 ПЕРЕЊЕ НА АЛИШТА
ВНИМАНИЕ
WF7604SUV-02506G_MK.indd 13 2007-10-10 ¿ÀÈÄ 6:30:10