Samsung WF60F4E1Z Washer User Manual


 
17
Поставување на машината за перење
ЧЕКОР 3 - Прилагодување на ногарките за нивелирање
При инсталирање на машината за перење, внимавајте приклучокот за напојување, доводот на вода и
одводот да бидат лесно достапни.
1. Наместете ја машината за перење на својата позиција.
2. Ослободете ги сите навртки за прицврстување со помош на клучот.
3. Нивелирајте ја машината со рачно завртување и одвртување на
ногарките за нивелирање според потребите.
4. Кога ќе ја порамните машината за перење, стегнете ги навртките за
прицврстување со помош на клучот.
ЧЕКОР 4 - Поврзување на водата и одводот
Поврзување на цревото за довод на вода
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Не поврзувајте повеќе црева за довод на вода. Ова може да предизвика истекување
на вода и електричен удар поради истекувањето на водата. Ако цревото е прекратко, заменете го со
подолго црево за висок притисок.
1. Поврзете го додатокот за црево со L-облик за цревото за довод на
ладна вода во приклучокот за довод на ладна вода на задната страна
од машината. Потоа прицврстете со рачно вртење на делот (A) во
насока на часовникот.
(*): Изборно
A
2. Отстранете го адаптерот (B) од другиот крај од цревото за довод на
вода (C).
B
C
F400E_WF70F5E_NonBubble-03262C-01_MK.indd 17 2013-01-18 �� 2:01:47