Samsung WF-F10 Washer/Dryer User Manual


 
инсталирање на машината за перење _9
ПОВРЗУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ДОВОД НА ВОДА
Едниот крај на цревото за довод на вода треба да се поврзе на машината, а другиот со славината
за вода. Не затегнувајте го цревото за довод на вода. Ако цревото е прекратко и не сакате да ја
преместите славината за вода, заменете го со подолго црево за висок притисок.
За да го поврзете цревото за довод на вода:
1. Држачот од цревото за довод на ладна вода со
L-облик поврзете го со приклучокот за довод
на ладна вода на задната страна од машината.
Стегнете со рака.
2. Поврзете го другиот крај од цревото за довод на ладна вода со славината за ладна
вода и стегнете со рака. По потреба, можете да ја промените положбата на цревото
за довод на вода со ослободување, вртење и повторно стегнување на делот од
цревото кој е поврзан со машината.
Опција:
1.
Држачот од цревото за довод на топла вода со L-облик поврзете го со црвениот
приклучок за довод на топла вода на задната страна од машината. Стегнете со рака.
2. Поврзете го другиот крај од цревото за довод на топла вода со славината за топла
вода и стегнете со рака.
3. Употребувајте Y-дел доколку сакате да користите само ладна вода.
За поврзување на уредот со славините употребувајте нови црева - старите црева не
треба повторно да ги користите.
ПОСТАВУВАЊЕ НА ЦРЕВОТО ЗА ОДВОД
Крајот на цревото за одвод може да се постави на три начини:
Преку работ на лавабото
Цревото за одвод мора да биде поставено на
височина од 60 до 90 cm. За да го свиткате цревото
употребете го испорачаниот пластичен држач за
црево. Прицврстете го држачот за ѕид со кука или
за славина со жица за да спречите поместување на
цревото.
Во разгранување на одводната цевка од лавабото
Разгранувањето на цевката за одвод мора да биде над сифонот на лавабото така што
крајот на цревото да е најмалку 60 cm над земјата.
Во цевка за одвод
Samsung препорачува употреба на вертикална цевка од 65 cm; цевката не смее да биде
пократка од 60 cm и подолга од 90 cm.
01 инсталирање на машината за перење
WF-B1456GW-02176W_MK.indd 9 2007-10-15 ¿ÀÈÄ 3:03:44