Samsung WF7602SU Washer User Manual


 
мерки за безбедност _3
мерки за безбедност
Во рамките на ова упатство ќе видите забелешки за предупредување и
внимание.
Овие забелешки за предупредување, внимание и важните мерки за
безбедност не ги опфаќаат сите околности и ситуации кои може да
настанат.
Ваша одговорност е да применувате здрав разум и да внимавате при
инсталирањето, одржувањето и употребата на машината за перење.
Samsung не признава никаква одговорност за оштетувањата кои ќе
настанат заради неправилна употреба.
ВАЖНИ СИМБОЛИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МЕРКИ НА
ПРЕТПАЗЛИВОСТ
Што означуваат малите слики и симболите во ова упатство за
користење:
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика сериозни
повреди или смрт.
ВНИМАНИЕ
Ризично или опасно ракување кое може да предизвика помали
повреди или оштетување на околината .
ВНИМАНИЕ
За да го намалите ризикот од пожар, експлозија, електричен удар
и други повреди при употребата на машината, придржувајте се кон
следните мерки на претпазливост:
ПРЕД ДА ГО УПОТРЕБИТЕ АПАРАТОТ
Амбалажата може да биде опасна за деца; чувајте ја амбалажата (пластични кеси,
стиропор и сл.) подалеку од дофат на децата.
Апаратот е наменет само за домашна употреба.
Проверете дали приклучоците за вода и струја се поставени од страна на
квалификувано лице, во согласност со инструкциите на производителот (погледнете
“Инсталирање на машината за перење”) и локалните безбедносни прописи.
Целата амбалажа и транспортните чепови мора да се отстранат пред употребата на
машината. Доколку тие не бидат отстранети може да настанат сериозни оштетувања.
Погледнете “Отстранување на транспортните чепови”.
Пред првото перење на алишта, мора да го поминете целиот процес на перење без
алишта. Погледнете “При првото перење”.
МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
При чистење и одржување, исклучете го апаратот од електричниот приклучок или
поставете го вртливото копче на исклучено.
ВНИМАНИЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
WF7604SUV-02506G_MK.indd 3 2007-10-10 ¿ÀÈÄ 6:29:37