6 SAMSUNG Упатство за употреба на машината за перење алишта
Перење алишта
Преглед на командната табла
1. Дигитален графички екран
На него се прикажува преостанатото време на циклусот на перење, сите информации за перењето
како и пораките за грешките.
2. Копче за избор на претперење
За да изберете претперење, притиснете го ова копче. Претперењето е понудено само кај следните
програми: Cotton (памук), Coloureds (обоени ткаенини), Synthetics (синтетика), Delicates (осетливи
ткаенини) и Baby programs (бебешка програми).
3. Копче за избор на температурата на водата (Temperature)
Притискајте го ова копче повеќе пати за да поминете низ сите понудени температури на водата
(ладна вода 30 °C, 40 °C, 60 °C и 95 °C).
4. Копче за избор на плакнење (Rinse)
Притиснете го ова копче ако сакате кон програмата за перење да додадете плакнење. Најголемиот
број на плакнења е пет.
5. Копче за избор на центрифуга (Spin)
Притискајте го ова копче повеќе пати за да поминете низ сите понудени брзини на
центрифугирање.
B1445A(V/S)
, , 400, 800, 1200, 1400 завртувања во мин.
B1245A(V/S)/ R1245A(V/S) / F1245A(V/S)
, , 400, 800, 1000, 1200 завртувања во мин.
B1045A(V/S) /R1045A(V/S) /F1045A(V/S)
, , 400, 600, 800, 1000 завртувања во мин.
: без центрифугирање, : задржано плакнење
Без центрифугирање
После завршното цедење, алиштата во цилиндерот не центрифугираат.
Завршно плакнење
Алиштата остануваат потопени во последната вода за плакнење. Пред вадењето на алиштата од
машината, морате да ја одберете програмата „Цедење“ или „Центрифугирање“.
6. Копче за избор на одложено перење (Delay Start)
Притискајте го ова копче повеќе пати за да поминете низ сите понудени опции за одложено перење
(од 3 часа до 24 часа со зголемување од по еден час).
Прикажаните часови го означуваат времето кога програмата за перење завршува.
Перење алишта
Температура Плакнење Центрифуга Одложен
почеток на
перењето
Антибактериско
„Silver“ перење
B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:6B1445A-02158F-MAC-0804.indd Sec1:6 2005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:102005-08-04 ¿ÀÈÄ 3:01:10